За галеријата

За галеријата

Идеата за галериско работење започна во 1989 година со отворањето на уметнички сектор во нашата книжарница Леонардо каде што ги промовиравме домашните уметници и продававме сликарски материјали од познатата компанија Лукас. Голем чекор беше направен кога нашиот уметнички сектор, заедно со студиото за врамување слики Рам, ги префрливме во тогаш реномираната галерија Остен, лоцирана во старата жележничка станица.

Нашиот најголем напредок до денес е отворањето на АртХаб Центарот, каде што ја лоциравме галеријата, сместена на вториот кат во ГТЦ, во строгиот центар на градот. Галеријата е простор каде што подеднакво се промовираат уметноста и креативноста. Во кус врменски период галеријата спонзорираше многубројни изложби на локални сликари, склуптори и ќерамичари. АртХаб Центарот располага со простран изложбен простор и одлична техничка поддршка, кои овозможуваат организирање на различен вид на изложби и презентации кои ги истакнуваат вистинските вредности на уметничките дела. Примарен фокус на галеријата е современата уметност.

АртХаб Центарот и Друштвото на македонски ликовни уметници (ДЛУМ) ја формализираа нивната соработка со поставување на серија изложби. Оваа соработка ќе продолжи во иднина , главно фокусирајќи се на изложби и презентации на дела од македонски автори. Надвор од овие термини, во галеријата ќе бидат изложени дела за продажба на македонски и меѓународни автори.